Буџетот на Министерството за одбрана на колена

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Недостаток на опрема, на пари, лоши услови за војниците, договори склучувани во четири очи и големи трошоци од кои зависи како во иднина ќе функционира војската. Високи претставници од Министерството за одбрана велат дека буџетот на министерството е во катастрофална состојба.

„До крајот на мај расходите биле 42%. Изненадува тоа што на дел од трошоците степенот на трошење бил многу повисок и го доведува во прашање функционирањето до крајот на годината. Најголемиот дел од расходите се за патни трошоци и субвенции на невладини организации.“

Само 5% биле потрошени за капитални расходи, нешто за што од министерството велат дека нема да се смени до крајот на годината, со оглед на лошата состојба со буџетот. Извори од министерството додаваат дека основните потреби за војниците се големи, а до крајот на годината се очекува да се обезбедат униформи и чизми, бидејќи потребата од нив е најголема.

„Основните потреби се големи, очекуваме до крајот на годината да обезбедиме униформи и чизми бидејќи се потребни за сите војници. Нема да се дозволи работниците и војниците да останат без плата.“

За состојбите во војската, во минатото имаше и реакции од синдикатот на одбраната кои постојано повикуваа на подобрување на состојбите во Армијата и обезбедување на услови за функционирање./извор ТВ24

Слични содржини