Шефот на дипломатијата Димитров на средба со Суомалаинен

од Vladimir Zorba
92 прегледи

На средба што ја имале денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, се разговарало за меѓусебната соработка и за приоритетите што новата влада ги зацртала, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка која ОБСЕ за дава за Македонија, а посебно за директната поддршка за реализацијата на европските и евроатланските аспирации на земјата. Тој потенцирал дека и за Македонија и за целиот регион од исклучително значење е процесот на интегрирање во ЕУ.

Суомалаинен нагласила дека постои добра и континуирана соработка помеѓу ОБСЕ и Македонија и дека заеднички е многу вложено во реформските процеси кои опфаќаат широк спектар на области и порачала дека постои подготвеност за понатамошна поддршка од ОБСЕ за Македонија, се дознава од соопштението на МНР.