Потпретседателот на платформата за взаемни патувања Uber, Емил Мајкл поднесе оставка.Оставката доаѓа во момент кога компанијата се соочува со обвинувања за сексизам и малтретирање.
Емил Мајкл остави порака за својата оставка во електронско писмо до вработените на Uber, кое беше објавено од “Њујорк тајмс”. Извор близок до компанијата ја потврди информацијата, како и номинација во административниот совет на раководен кадар од “Нестле” – Вен Лин Март, што беше најавено од “Волстрит џурнал”.
Емил Мајкл, кој е близок до извршниот директор Тревис Каланик, е обвинет за ширење на агресивно и сексистичко однесување во компанијата. Според печатот, Uber размислува за евентуалното отстранување на Тревис Каланик, кој исто така е обвинет за поттикнување на менаџерски ексцеси, за кои се зборува со месеци.