Лутите пиперки прават чудесни работи за здравјето

од desk2
159 прегледи

Зачинетата храна како лути пиперки може да имаат позитивен ефект врз крвниот притисок. Тоа го тврдат кинески научници, соопшти весникот “Дејли мејл”.Истражувањето објавено во списанието Cell Metabolism, покажува дека супстанцата капсаицин, која го дава вкусот на овој зеленчук доведува до разредување на крвта и опуштање на крвните садови. Правени се тестови на лабораториски глувци кои страдаат од хипертензија. Научниците утврдиле дека по применување на диета богата со капсаицин, крвта постепено се нормализирала.

Научниците сега бараат начин како капсацинот да го применат во лековите за да се лекува хипертензијата. Капсацинот ги убива клетките и ја намалува шансата за рак.