Од верските календари

од Vladimir Zorba
62 прегледи

  

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј.

Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин Велики. Животот го заврши маченички по времето на Константин, кога владееше Јулијан Отстапникот, во 361 година, во градот Одесос (денешна Варна).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марко и Марчелијан.

Во проповедувањата се вели дека тие биле браќа. Префектот Кромациј ги затворил и ги предал на судот. Од нив се барало да се откажат од христијанската вера. Свети Марко и Марчелијан не се откажувале од верата и биле измачувани за време на прогонствата на царот Диоклецијан.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР  

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 19 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 07 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.