На нив се гледа како изгледала принцезата, кога не била на јавни настани.
Фтографии направени во почетокот на 80-тите години на минатиот век, го покажуваат другото лице на принцезата Дијана – кога не била изложена пред јавноста, пишува “Дејли мејл”.

Аукциската куќа Литлен на аукција изнесе непознати до овој момент фотографии на принцезата Дијана во моменти кога не прави нешто , лежерно облечена.
На некои од фотографиите таа е со принцот Чарлс и се гледа дека сеуште се заљубени еден во друг.
Сликите припаѓале на домаќинката на принцезата Александра, роднина на кралицата, и биле откриени по нејзината смрт. Очекувањата се да се продадат по прилично висока цена.