Немате каде да паркирате? Хонгконг продава паркинг за 664 000 долари

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Познатиот со своите исклучително високи цени на недвижен имот, Хонгконг постави нов рекорд со продажбата на едно паркинг место за сума од 5,18 милиони хонконгски долари (664 200 американски долари). Местото се наоѓа на првиот кат на луксузен станбен комплекс во близина на крајбрежјето во западните делови на Хонг Конг, станува јасно од градскиот Катастар. Неговата големина е едвај 17,5 квадратни метри и неговиот нов сопственик е Кван Ваи-Мин – извршен директор на инвестициска фирма, посочува  “Саут Чајна морнинг пост”, нарекувајќи ја продажбата светски рекорд.

Најскапото досега паркинг место во Хонг Конг беше продадено минатиот октомври за сума од 4,8 милиони хонконгски долари и исто така се наоѓаше во луксузен станбен комплекс.

Парк местата не се единствените недвижности со неверојатно високи цени. Пред месец локален бизнисмен плати 3 милијарди долари за комерцијален терен во централниот бизнис дел на градот, поставувајќи нов рекорд во Хонг Конг, каде цените на недвижностите се претвораат во политички проблем.

Многу мали бизниси се принудени да се затворат поради постојано растечките кирии, а многу жители не можат да си дозволат да си изнајмат соодветно живеалиште, независно од мерките преземени од страна на Владата за контролирање на цените. Цените на трговскиот и станбен имот беа под влијание на приливот на пари од богати кинески инвеститори и претприемачи. Во исто време критичари ги обвинуваат властите во топли врски со бизнис, што ја попречува изградбата на доделување на станови за јавна употреба.