ВМРО-ДПМНЕ: Гаснењето на депонијата нема да го реши проблемот на Струга

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговите коалициски партнери дека го загрозиле здравјето на граѓаните и животната средина, дозволувајќи 10 дена граѓаните на град Струга да го дишат штетниот воздух.

„Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, бидејќи постои опасност повторно да се запали, а истовремено има ризик да ја контаминира земјата и подземните води кои се влеваат во Охридското езеро и во реката Црн Дрим. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, за доброто на граѓаните во четвртокот побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга, но Талат Џафери се обиде да ја замолчи расправата и да не дозволи процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од опозициската партија.

Слични содржини