(фото) Најчудниот затвор на светот: Главниот збор го водат политичарите и нарко босовите, меѓу затворениците има и 200 деца

од desk3
119 прегледи

Затаворот Сан Педро, кој е сместен во планинското село Ла Паз во Боливија,  е најчудниот затвор на светот. Освен што е најголем затвор во Боливија со повеќе од 2.400 затвореници, необично е и тоа што е обезбедуван единствено од надвор. Всушност единствена задача на чуварите е никој да не избега од затворот – но тие во него не ни влегуваат , пишува Vintage News.

 

Тоа значи дека работата на затворениците е да се грижат самите за себе. После пресудата тие сами мораат да си го платат влезот  во затворот како и сопствената ќелија во која ќе престојуваат а тоа го решаваат или преку “градоначалникот на затворот” или преку “агентот со недвижности”, кои во затворот се фриленсери откако ќе влезат во него.

Затаворениците во затворот кој се наоѓа на надморска височниа од 3.500 метри, воспоставиле функционална заедница со систем на владеење во кој избираат осум службеници, секој за еден оддел во затворот. Секој оддел е застапен преку совет кој донесува одлуки.

Многу од затворениците во Сан Педро живеат заедно со своите сопруги и деца. Во затворот има околу 200 деца. 

Иако во затворот тие деца постојано се изложбени на опасност, силувачите и злоставувачите, другите затворенции ги третираат со нулта толеранција, па обично завршуваат удавени во малиот базен внатре во затворот. 

Условите во затворот се разликуваат од оддел до оддел. Во оние најсиромашните делови, условите се ужасни и се подразбира дека тројца или четворица спијат во ќелија наменета за еден. 

 

 

Од друга страна, постои и полуксузен Ла Поста сектор во  кој живеат политичарите и нарко босовите, кој со пари си осигурале приватни ќелии со посебно купатило, кујна и со кабелска телевизија. Животот во Ла Поста чини меѓу  1.000 и 1.500 долари месечно, но тоа само ретките можат да си го дозволат.

Во Сан Педро затворениците работат како сопственици на мали дуќани, столари, бербери, чистачи на чевли и слично , а некои од нив водат и сопствени лабаратории за кокаин кои произведуваат една од најчистите дроги во државата. Некои затвореници заработуваат пари од трговија со алкохол, а на коцка се вложуваат опклади и до 20.000 долари, зборуваат извори од затворот, пренесува порталот Express.hr.

Уште од раните 1.990 – ти туристите можеа да си платат влезница и да го разгледаат затворот,  иако тие тури се илегални, чуварите од надвор прифаќаат мито. Но од 2009 година тоа е оневозможано, но таму е општо познато дека за вистинска цена се е можно.