Воени игри на балтикот : По НАТО, Кина и Русија со воена вежба

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Кинеската морнаричка флота се упати кон Балтичкото море , за да учествува на заедничката воена вежба со Русија. Кон овој регион биле упатени три бојни бродови , предводени од кинески разурнувач, вонепосредна близина каде воена вежба изведуваше морнарицата од земјите на НАТО алијансата..


Како што се наведува , кинеските борбени морнарички сили треба да се сретнат со руските воени бродови за планираната вежба во близина на Санкт Петерзбург и Калининград. На вежбата која треба да започне кон крајот на јули, учество ќе земат и елитните кинески маринци и најновиот тип на борбени хеликотпери.. Целта на руско кинеската заедничка воена вежба е да се унапреди кинеско- руското стратешко пријателство и продлабочи практичнмата борбена сорабтока на девете армии.. Од друга страна , и силите на НАТО ги одржаа првите “ воени игри “ во регионот, со фокусот на одбраната на “ Сувалки преминот “, коридор кој е критичен за безбедноста на балтичките сопјузници , Литванија Летонија и Естонија.


Инаку, тесниот појас кој е лоциран на полско _литванската граница , се наоѓа во “ сендвич “помеѓу руската милитаризирана енклава Калининград и Белорусија, која се смета за голем сојузник на Русија. Воените стратези предупредуваат дека тоа е Ахиулова пета на источните граници на НАТО, бидејки неговото одземање од страна на Русија, би можело целосно да ги одсече трите сојуззници и балтички Нато членки Литванија Летонија и Естонија .

Од  друга страна Москва стално негира дека има некакви територијални претензии, наведувајки дека неодамнешното распоредување на НАТО во балтичкиот регион , долж непосердната граница со Русија, ја нарушува воената рамнотежа меѓу двете супер сили.. Инаку, стравувањата дека Москва би можела да го нападне стратешкиот Сувалки премин, се згоолемија , откако Русија во 2014 та година го анектираше Крим

Дејан А.