Британката Рејчел Еванс инвестирала 20 000 фунти во бројни хируршки процедури, за да постигне сличност со куклата Барби, пишува “Дејли мејл”.
За 11 години жената го сменила обликот на брадата, устата, јаболчниците, носот, устата, ги зголемила градите.
“Ја обожавам Барби и имам чувство како да сме еден човек”, ја објаснува таа опсесијата да личи на познатата кукла. Сега 46-годишната Еванс ќе учествува во реално шоу My Barbie Body, кое започнува на 25 јуни.

Таа, логично, бара партнер кој ќе личи на Кен. Излегува дека таа воопшто не е првата, која посветила пари и напор за да постигне сличност со Барби. Жителка на Лос Анџелес посвети на постигнувањето на таквата сличност 32 000 долари.