Мисла на денот за љубовта

од Vladimir Zorba
125 прегледи

“Некој циничен Французин рекол дека за љубовниот договор се потребни две страни: едната која сака, и другата, која преферира да остави да ја сакаат.” – низ “Саем на ритамот” од Вилијам Текери.
Вилијам Текери е англиски писател, роден на 18 јули 1811 година. Тој бил прочуен со делото “Саем на ритамот”. Текери се образовал а универзитетот Кембриџ, но не го завршува образованието, зашто како младич бил силно навлечен по коцкање.

Освен што имал талент за писател, Текери сликал доста добро и во подоцнежна фаза сам илустрирал книги. На 25-годишна возраст се жени и од овој брак има три ќерки. Додека пишува романи Текери се занимава и со уредување на списанија, предавања. Умира во 1863 година.