
Димитров е во Бугарија во рамките на владината делегација, предводена од премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.
Двајцата дипломати разговараа за билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката во различни области.
Вицепремиерот Захариева истакна дека поклонувањето на двајцата премиери и нивните делегации пред споменикот на цар Самуил во Софија е историско, со што се отвора нова страница во реалното спроведување на принципите на пријателство и добрососедство. Следен чекор во оваа насока ќе биде учеството на премиерите Борисов и Заев на одбележувањето на Илинденското востание. Захариева овие чекори ги окарактеризира како европски пристап кон заедничката историја.
Министерот Димитров изјави дека неговата Влада е решена да оди со брзи чекори кон извршувањето на потребните реформи и го истакна како прв позитивен знак за новата етапа во односите именувањето на улиците во Скопје и во Софија односно по имињата на покојниот претседател на двете држави д-р Жељу Желев и Борис Трајковски.
Министрите се договорија да одржуваат постојан работен контакт, при што ќе ги споделуваат своите искуства.