По однос на јавните реакции за моето именување за амбасадор и шеф на мисијата на Република Македонија во Европската унија би сакал да кажам дека одговорите на сите прашања лежат во Уставот на Република Македонија и законот за надворешни работи, истакнува во писмена реакција Александар Николоски.

Николовски вели дека врвен приоритет за Македонија е да се подобри нејзиниот углед во ЕУ што би го олеснило интегративниот процес, а тој углед во Бриел можеме да го подобриме само со широк политички и општествен консензус, а не со политикантски препукувања.
Како амбасадор на Република Македонија во ЕУ, потенцира дека ќе ги претставува сите граѓани, државни институции и фактори и заради тоа не се кандидирал за претеник на последните избори, и се повлеков од сите партиски функции./24 вести