Непознат сторител се обиде да заколе полицаец на аеродромот во Флинт, Мичиген, пренесоа светските агенции.

Аеродромот беше евакуиран, а при тоа нема други повредени во нападот.
Според првичните податоци полицаецот е во критична состојба. Тој бил нападнат со нож и добил рана во пределот на вратот. Сторителот е уапсен од други вработени на аеродромот. Локалните власти соопштија дека го испитуваат инцидентот како терористички напад.