Британски агент: Јас ја убив принцезата Дијана

од Vladimir Zorba

80-годишниот пензиониран агент на британските тајни служби МИ5 Џон Хопкинс призна серија убиства, кои ги извршил. Тој тврди дека му остануваат уште неколку недели живот и не сака да го напушти овој свет, носејќи ја вистината во гробот, соопштува британскиот медиум Culture Shock TV. Хопкинс тврди дека учествувал во 23 убиства организирани од британската тајна служба и исполнети во периодот од 1973 до 1999 година. Меѓу овие убиства е и тоа на принцезата Дијана.

Џон Хопкинс работел како оперативен агент во МИ5 38 години, а во овој период тајната служба на Велика Британија често била рангирана да врши дискретно убиство на одредено лице, за кое се сметало дека претставува опасност за националната безбедност на Обединетото Кралство. Како машински инженер и експерт за оружје Хопкинс тврди дека има големо искуство во убиства со конвенционалните методи, вклучувајќи и употреба на хемикалии и отрови. Поранешниот британски разузнавач објаснува дека бил дел од седумчлената група оперативни агенти на МИ5, кои биле задолжени да вршат политички атентати на територијата на Велика Британија. Од раскажувањето станува јасно дека повеќето од жртвите биле политичари, новинари и лидери на политички партии. Во однос на принцезата Дијана Хопкинс тврди дека таа е единствената жена жртва на нападите, кој тој го извршил и единствен член на британското кралско семејство. Таа е единствената жртва, за чија смрт беше нарачано директно од самиот кралско семејство, нагласува Хопкинс. “Дијана беше убава и љубезна жена”, вели тој и додава дека според него таа била закана за британската круна.

“Кралското семејство располагаше со докази дека таа има намера да се разведе со принцот Чарлс. Знаеше премногу тајни што се однесуваат за кралското семејство. Мој шеф ми кажа дека таа мора да умре. Добив директна наредба од принцот Филип и требаше да направиме така што ќе изгледа несреќен случај. Никогаш пред тоа не бев убил жена, уште помалку принцеза, но ја исполнив заповедта. Го направив ова за кралицата и за земјата. Следната фаза од задачата ги вклучуваше медиумите кои многу добро го исполнија својот дел од работата” , раскажува Хопкинс.

Поранешниот британски разузнавач ги поминува последните денови дома, но вели дека по овие откритија се очекува да биде уапсен. Хопкинс тврди исто така дека секоја истрага во врска со оваа афера би била тешко да се докаже и има “многу компликации”, бидејќи пишни докази во МИ5 нема, а освен тоа речиси сите негови колеги починале.

 

Слични содржини