Претседателката на Хрватска Кoлинда Грабар Китаровиќ на сопругата на претседателот на Србија на свеченоста во Палатата “Србија” и врачи подарок во црвено кутивче. Тамара Вучиќ како што објавува РТС, од хрватската претседателка добила привезок на кој е втиснат ликот на Богородица и бебе Исус со натпис “Мајка Божја од камена врата’.
На задната страна под грбот пишува “Да имаат живот”.
Колинда Грабар Китаровиќ порано на претседателот на Србија Александар Вучиќ му подари чоколадо и бомбоњера, кој како што кажа со задоволство ги прифатил. Вучиќ хрватската претседателка ја нагости во Вилата Мир, како и другите бројни странски гости кои во Белград допатуваа за да присуствуваат на неговата инаугурација. Подароците од хрватската претседателка со воодушевување беа прифатени.
„Добив од Колинда хрватска бомбоњера и чоколадо. Со воодушевување ги прифатив“, рече Вучиќ.
Инаку своевремено во Хрватска изби скандал кога Грабар Китаровиќ на децата од Дубровник им подели чоколатца со потекло од Србија, поради што покасно им се извини на родителите.
После овој настан, тогаш премиерот Вучиќ на хрватскиот колега Андреј Пленковиќ му подари чоколадо, „галеб“, произведсено во Србија, во текот на посетата на штандот на кој во рамките на Меѓународниот саем на стопанството во Мостар, се претставуваа српските компании.
Пленковиќ на новинарско прашање дали ќе го изеде тоа чоколадо одговори: „Без проблеми“.