Апелациониот суд во Хаг пресуди дека Владата на Холандија има делумна одговорност за смртта на 300 муслимани, убиени од страна на босанските Срби во масакрот во Сребреница во 1995 година, соопшти американскиот весник The Washington Post. 
Претседавачот судија Гепке Дулек изјави дека со своите постапки холандските војници ги “лиши (муслиманите) од шансата да преживеат”.
Овие 300 мажи се меѓу околу осумте илјади муслимани – мажи и момчиња, убиени од силите на босанските Срби во најлошото масакр во Европа по Втората светска војна.