САД воведоа нови барања за издавање на визи за жителите на шест муслимански земји.

Американскиот Стејт департмент воведе нови барања за издавање на визи за жителите на шест муслимански земји и бегалците, пренесе ТАСС, цитирајќи свои извори.
Според агенцијата, за да добијат американски визи, сите бегалци и граѓани на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен треба да докажат дека имаат блиски роднини во САД или деловни односи со САД. Овие прописи треба да влезат во сила наскоро. Воведувањето на барањата е резултат на неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД, според кои делумно беше откриена имиграцискиот указ на претседателот Доналд Трамп за ограничен влез во земјата за граѓаните на шест муслимански држави. Судот пресуди дека забраната за патување до САД важи за жителите на овие земји, ако тие не се со силни врски со САД.
Во почетокот на јуни Трамп побара од Врховниот суд да го разгледа барањето за преиспитување на одлуката на Апелациониот суд, кој смета дека е соодветно да се задржи привремена забрана за извршување на декретот за имиграцијата. Се очекува дека Врховниот суд ќе заврши со разгледувањето на случајот не порано од октомври.
Претходно федералните судови два пати го блокираа указот на Трамп за затегнување на мерките во областа на имиграцијата. Со првоит декрет беше воведена забрана за 90 дена за влез во САД за граѓаните на седум муслимански земји (Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен). Првиот пат на документот се спротивстави сојузниот суд во Сиетл, а потоа промените кај кои Иран беше исклучен од црната листа, декретот беше блокирано од судот во Хаваи. / ТАСС