ВМРО-ДПМНЕ: Владата не смее да склучува штетни договори за државата и народот

од Vladimir Zorba
103 прегледи

   ВМРО-ДПМНЕ денеска упати критики до Владата за нетранспарентност околу договорот за добрососедство со Бугарија порачувајќи и дека не смее да склучува договори, како што наведува  во соопштение, на штета на македонската држава и народ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на околу месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, премиерот Зоран Заев одбива да ги запознае македонските граѓани, одвивајќи го целиот процес нетранспарентно, без да ги консултира експертите и граѓаните преку дебати и јавни расправи, како што ветувал дека ќе прави за секое позначајно прашање.

Што содржи договорот со Бугарија, што според Димитров би значело крај за македонизмот. Што знае Димитров, а македонските граѓани не знаат? Што крие Заев од граѓаните, што толку ги возбудува бугарските националисти, кои се воодушевени од изјавите на Заев дека бугарскиот и македонскиот народ се исти, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Владата на Република Македонија не смее да склучува договори на штета на македонската држава и народ. ВМРО-ДПМНЕ е за добрососедство со сите соседи и ќе поддржи се што е во знак на унапредување на взаемната соработка, но ништо што е на штета на државата, нејзиниот идентитет, јазик, култура и историја, се вели во соопштението