За време на претстојната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин закажана во рамките на самитот на Г-20 во Хамбург Белата куќа може да му предложи на Кремљ „практично„ укинивање на одредени руски санкции.

Претседателот на САД може да се согласи на отстапки за да ја искористи квалитетната понуда како “адут” во текот на претстојните разговори со претседателот на Русија, пишува британскиот весник Гардиан, кој се повикува на двајца анонимни американски службеници, но се добро запознаени со ситуацијата.
Според податоците на весникот, вработените на Националниот совет за безбедност на САД добиле наредба да развијат “практични предлози”, кои ќе бидат искористени при првата средба меѓу Трамп и Путин. Станува збор за укинување на санкциите односно враќање во функција на две руски дипломатски резиденции во САД, кои се затворени за Русите во време на администрацијата на Обама во 2016 година.
Заедно со тоа, се забележува дека “едностраните попусти насочени кон затоплувањето на американско-руските односи, предизвикуваат силен отпор од страна на Националниот совет за безбедност и Стејт департментот”. Изданието исто така нагласува дека засега не е јасно што ќе побара Трамп во замена за укинување на ограничувањата.