(ВИДЕО+ФОТО) Возач на цистерна изгуби контрола, 190 лица изгореа живи

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Околу 190 лица загинаа во експлозија на цистерна во Пакистан. Ова го потврди официјален претставник на владата во Исламабад, информира Радио “Глас на Америка”.

Според податоците на властите некои од настраданите при несреќата се уште се наоѓаат во критична состојба.

Несреќата се случи во раните утрински часови на минатата недела во реонот на градот Бахалпур каде возачот на камион-цистерна изгубил контрола врз возилото и се урнал на автопатот, кој го поврзува пристанишниот град Карачи со Лахоре.

Горивото се запалило во момент во кој локалните жители се упатиле кон местото на настанот, за да ја соберат истурената нафта, без да се обрне внимание на предупредувањата од полицијата. Пакистан организира колективено погреб за 130 жртви.