Промоторите на Груевски никако да се приберат во земјата. Барем така е според папирите од владата на техничкиот премиер на Груевски, кој ги водел како да се на службен пат и така и ги плаќале .Никој не гледал и мерел колку „пиеле и колку плаќале“, односно какви трошоци имале.Во 2016, само за плати и придонеси за 32 економски промотори од буџетот биле исплатени вкупно 1,2 милиони евра.

За да не се вратат во Македонија, иако им е истечен мандатот, поранешната техничка влада ги водела владините економски промотори како да се на службен пат со патен налог, посочи на брифинг завицепремиерот Кочо Анѓушев. За него тој пристап и воопшто начинот на кој „функционираат “странските инвестиции и промотори е неодржлив
Тој најави дека дека новата влада нема да се откаже од економска промоција на земјата во странство, но службата ќе биде видоизменета и редуцирана.
„Мое мислење е дека треба да се задржат 18 промоторски места, но не како економски промотори, туку економски аташеа во рамките на амбасадите, како што е во секоја нормална држава“, вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Македонија има 33 економски промотори, на кои мандатот им е истечен во декември, 2016. Во 2016, само за плати и придонеси за 32 економски промотори од буџетот биле исплатени вкупно 1,2 милиони евра.
Досега медиумите пишуваа само за платите, но, во јавноста не се објавени какви други трошоци им се исплаќаат на економските промотори, и колку точно државата одвојува пари од буџетот. Овие податоци се очекува да бидат обелоденети од новата Влада на Зоран Заев