Како може да го задржиме ентузијазмот и вистинското обновување на енергијата кои доаѓаат од општите избори, без самите да се залажуваме?
Една од најпопуларните стории од последните избори беше зголемениот удел на лабуристите во народните гласови на општите избори од 8 јуни. Вистинско изненадување и, според многумина, вистинска еуфорија. Но што стои зад ова и што ни кажува?
Најприфатената и, барем како што изгледа, одлука е дека Џереми Корбин е подобра понуда во водењето на кампањи отколку што многу критичари го фалеа. Јасно е дека нема сомнеж оти зголемениот број на гласачи под 30 години беше многу значајно. Мобилизирањето на оние кои постојано беа жртви на мерките за штедење за да се охрабрат да излезат и гласаат беше значајно постигнување кое, ако се одржи така, ќе даде длабок придонес во британската политика.
Како некој кој е одговорен за воведување на граѓанското образование во националната програма, ова може само да биде утешно и да ме смири. Сепак, многу школи или не успеаја да предаваат граѓанство и демократија, или тоа го прават лошо.
Но за целосно да сфатиме кои чекори треба сега да ги направиме за да освоиме 64 места за да и овозможат комотно мнозинство на една идна лабуристичка влада, треба подлабоко да прокопаме.
Излезноста на овие општи избори не беше еднаква на која било друга уште од 1992 година. Тогаш лабуристите изгубија, иако тесно, од конзервативната влада на Џон Мејџор. Процентот на лабуристите во бројот на гласовите од тоа време беше за цели 5,5 процентни поени помало од она на 8 јуни годинава. Но тогаш лабуристите освоија 271, наспроти 262 места сега.
Да се разбере како функционира изборниот истем може да биде прилично здодевно, но е неопходно ако сакаме заедно да запнеме – ентузијастите корбинисти и ним сличните старци – за да се освои вистинската награда: не само славна победа, туку и славно освојување.
Во 1992 (или пред 25 години) либералните демократи, кои штотуку се формираа по излегувањето од Социјалдемократската партија и старите либерали, освоија скоро 23 проценти од гласовите. Во 2017 година тие освоија нешто над седум проценти.
Тука е и иронијата. Кога либералдемократите ги одземаа гласовите од ториевците, шансите на лабуристите да победат пораснаа!
Онаму, како што беше на гласањето на 8 јуни, сите антиториевски глсови надвор од Шкотска и Северна Ирска ги запишаа лабуристите и кои ги акумулиравме како што беше случајот, скоро 13 милиони гласови и 40 проценти пропорционалност на излезноста – но завршивме со 56 места зад ториевците и 64 места помалку за да имаме мнозинство.
Во 1987 година кога првпат бев избран со големо мнозинство од преку 24.000 гласови, лабуристите жестоко изгубија. Да, имавме 20 места повеќе (наспроти 30-те места освоени овој пат), но немавме каква било шанса да победиме. Ова се случи и покрај тоа што сите сите проценија дека тоа било многу добра кампања.
А разликата? Маргарет Тачер, која во многу делови од земјата беше прилично непопуларна – до граница на мразење – не се вмеша. Овој пат Тереза Меј го стори тоа. Обидот да се претвори ова во претседателски натпревар и да се смести таа во самиот центар, не успеа.
Со други зборови, се додека електоратот во целина е загрижен, постои одбивање на личните политики и на остатоците и ароганцијата кои доаѓаат со нив.
Истовремено, Џереми Корбин кој кај некои го разбуди култот на личноста, водеше многу полаборативна и тимска кампања. Канидатите на лабуристите водеа кампањи како локални претставници, давајќи им гласност на луѓето од нивните окрузи додека националниот манифест инспирираше многѕу луѓе да гаат надежи дека во очај треба да веруваат дека постои подобро утре наместо да се продолжи со мерките за штедење.
Според мене, тоа беше став против мерките за штедење на Џереми Корбин, заедно со мобилизацијата и мотивирањето на младите луѓе, кое беше толку многу важно во понудата на јасна алтернатива зџа депресивните и сиромашни предвидувања за иднината на лизгавата и хаотична кампања на ториевската влада. Ова, се разбира треба да се гледа во контекст на Брегзит. За многу млади луѓе и оние кои гласаа да се остане во ЕУ, ксенофобскиот, тесноумен и наизглед назаден конзервативизам не беше само занемарување, туку и одбивање на интернационализмот и визија за иднината која тие ја посакуваат.
Парадоксално, но ова ги исправа лабуристите пред предизвик. Не само за да се одржува отпорот и мотивацијата за она што можеби ќе биде петгодишно поставување во опозиција, туку и да овозможи одговори на некои прашања кои вистински не испливаа за време на општите избори. Како ние, како нација на индивидуи, се справуваме со глобалните сили кои имаат вистинска моќ на одлучување низ светот? Како да им се приклучиме на другите и да создадеме нови форми на политички ненасилни акции, која им дава шанса на потрошувачите и ја мобилизира политичката енергија да се биде способен да се прифати реалноста на глобализацијата, од една страна (ако сме вистински интернационалисти), а истовремено да обезбеди силна и алтернативна моќна основа за оние најбогатите и кои одлучуваат за се? Ова се однесува колку на дигиталната арена, од криптоанархистите од една страна и глобалните милионери од друга, како и за оние во финансиските институции и големите глобални корпорации.
Како да се соочиме со несомнената брзина на промени кои ќе дојдат и од идните народни движења (раселени од војни и конфликти или пак си бараат подобар економски живот) без саморазурнувачките политики на Тврдината Британија, или Тврдината Европа?
ое е местото на Британија во светот по Брегзит, независно каква форма тоа ќе заземе, и кој е социјалниот демократскиот одговор на некои од најголемите предизвици, од стареењето на населението од една страна, и влијанието на технолошката дигитализација од друга?
Влијанието врз работните места, нашиот стил на живеење, на природата на нашиот работен век и долговечноста, сето ова се прашања кои беа практично занемарени на општите избори. Но, тие нема да исчезнат!
Над се, како можеме да ги повратиме ентузијазмот и вистинскиот поврат на енергијата која доаѓа со општите избори, без самите да се залажуваме?
Како што илустрирав погоре, кога ефикасно ќе се вкорените, барем во Англија и Велс, на двопартиски систем, а лабуристите го засилуваат антиториевскиот глас, како тогаш да преминете од вознесувачкиот глас за лабуристите и катастрофалниот пораз на конзервативците во реалниот свет на победа за лабуристите и се друго освен конечниот пораз за конзервативците? Пред дваесет години, во 1997, преку 40 проценти од гласачите гласале. За разлика од 2017, бројото за конзервативците опадна и лабуристите освоија места низ целиот југ на Англија како што не е забележано со генерации наназад.
Ако сакаме тоа да го повториме, тоа значи (е сега задржете го здивот) да се освојат суштинските ториевски гласови и многуте ториевци кои апстинираа. Како да тргнеме од онаму кај што сме кон онаму каде сакаме да бидеме, е прашање за во иднина.
Индепендент – Лондон