Во топлите летни денови имаме потреба од нешто ем разладувачко, ем хранливо.
За целта се обраќаме на студените мезиња и салати, направени по италијански рецепти. Бидејќи секогаш е убаво кога пробуваме нешто различно.
Денес ќе ви претставиме како да си приготвите брзо и лесно салата од макарони и сушени домати, која ќе ве пренесе во убавата Италија за неколку секунди.
Ќе ви бидат потребни:
350 гр. паста
170 гр. сушени домати
½ ч.ч дресинг за салата
1 црвена лута пиперка
1 краставица
сол
Начинот на подготовка можете да го видите во видеото: