Екстремнодесничарскиот француски политичар Марин Ле Пен официјално е под истрага во Франција за злоупотреби со финансиски средства на Европскиот парламент, јавува ББЦ. Случајот е поврзан со сума од околу 5 милиони евра.

  

Парламентот се сомнева дека парите биле за асистенти на Ле Пен во “Националниот фронт” , кои не работеле за европратеникот, туку  за партијата во Франција.

Адвокатот на Ле Пен исто така, потврди дека 48-годишната официјално е под истрага од страна на француските власти.

Родолфо Болју изјави, цитиран од АФП дека Ле Пен била сослушувана  од истражните судии и тие се изјасниле дека официјално е под истрага за злоупотреба. Адвокатот додаде дека таа ќе поднесе жалба.

ЕП е осомничен дека дел од средствата кои националистите на Ле Пен добивани  од Европскиот парламент, се трошат не според намената. Се проценува дека финансиите кои се издаваат за плаќање на помошници на европратениците од “Националниот фронт”, се пренаменувани  за наградување на партиски функционери. Меѓу нив е  помошничката на Марин Ле Пен во нејзината партија, која речиси не излегла од Париз, иако требало да работи во Брисел и Стразбур.

  Аналогни е случајот со Тиери   – телохранител на претседателката на “Националниот фронт”, исто така вработен фиктивно.

Нејзиниот поранешен помошник Гаел Нофри, кој ја напушти партијата, изјави дека во 2012 година бил вработен во изборниот штаб на “Националниот фронт” со фиктивни договори со Европскиот парламент.

Во средината на месецот Европскиот парламент и го одзеде имунитетот на евроскептикот Ле Пен.