Земјотресот во Охрид попладнево, со јачина од 5 степени според Рихтер, предизвика паника кај граѓаните и туристите.

Предизвикани се и помали штети на градбите, но најкарактеристичен е паднатиот балкон на куќа.
Од фотографиите поставени од жители на Охрид, поставени на специјализираната европска страница за земјотреси, EMSC, се гледаат и напукнати ѕидови на повеќе згради и куќи, како и паднати производи во маркетите.
Во последнот период охридско-ресенското подрачје е погодено од повеќе од 800 помали земјотреси, а денешниот беше најјак, што се почувствува и во Скопје, како и во Албанија и Грција.