Русија е лишена од право на глас поради анексијата на Крим.

“Во знак на протест” Русија го прекина плаќањето на придонеси во буџетот на Советот на Европа, објави Der Spiegel. “Станува збор за милиони долари” – наведува весникот.
Поради “анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година” делегацијата на Федералното собрание на РФ е лишена од право на глас во Парламентарното собрание на Советот на Европа, потсетуваат Der Spiegel.
Руското раководство се “налути” од оваа одлука и “повеќе нема намера да се шегува”, констатира весникот.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го информирал по телефон генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд за прекин на плаќањето на придонесите.
Лавров побарал “безусловно враќање во полн обем на ингеренциите” на Русија во сите европски организации. Der Spiegel исто така обрнува внимание дека годишната рата на РФ кон буџетот на Советот на Европа изнесува околу 33 милиони евра.