Ѕвезда од „Игра на престоли“: Дознав што е орален секс преку серијата

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Ѕвездата од “Игра на престоли” Софи Тарнер раскажала дека покрај сценариото на серијата научила многу за сексот и го прокоментира сексуалното насилство што е претставено во проектот.

Актерката има едвај 13 години, кога добива улогата. Тогаш таа го чита сценариото, во кое имало опишани и многу секс сцени. За тоа каков е ефектот врз нејзиниот ум раскажува веќе 21-годишната Софи во интервју за The Time.

“Дознав што е орален секс од сценариото. Си помислив: “И луѓето го прават тоа? Фасцинантно!“ Тоа беше моето сексуално образование “.

Пред изданието Софи ја коментира и темата за сексуалното насилство, кое е во серијата и во кое е вмешана нејзината хероина Санса Старк во петтата сезона. Софи раскажува дека ниту таа ниту кој ѝ да е од познатите ‘се сретнал со тоа, затоа што таа е “доволно наивна”.

“Кога се снимав во оваа сцена, наиде голема врева како може ние да го покажуваме тоа на телевизија. Моите први мисли беа дека тоа навистина не треба да се прави. Подоцна сфатив дека сето тоа е направено правилно.

Колку повеќе се зборува за насилството, толку подобро. Нека има такви кои сметаат дека не треба да се зборува на оваа тема и ја бојкотираат серијата.

Во приватниот живот актерката се чувствува многу подобро. Повеќе од половина година таа се среќава со музичарот Џо Џонас. Новата сезона на серијата “Игра на престоли” стартува на 16 јули.