Криминалот и партизираната држава не смеат да бидат одлика на Република Македонија, бидејќи нашата држава е демократска и не смее никој да ја враќа во 90-тите и да го промовира криминалното и силеџиско владеење од времето на транзицијата, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение.
– СДСМ на криминален начин ја спроведе својата кампања и на криминален начин продолжува да владее и делува. Зоран Заев бараше смена на Републичкиот јавен обвинител за да спречи истрага за нелегалното финансирање на кампањата на СДС, за граѓаните да не дознаат со колку црни пари на терен се покривала кампањата на СДС, како што е случајот со Шуто Оризари.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и меѓународните претставници во нашата држава да ги осудат изјавите на пратениците на СДСМ и со будно око да ја следат ситуацијата во Македонија под палката на СДС. Република Македонија не смее да стане пандан на комунистичка Северна Кореја, државата мора да се темели на демократските принципи и начела и за тоа не смее да има компромис, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.