
Извештај за странско финансирање на екстремизмот во Велика Британија е ставен на седница на британската влада уште минатата година, но премиерот Тереза Меј не му дала публицитет и се уште размислува дали да му даде гласност, пишува “Гардијан”.
Копретседателот на Зелената партија Каролин Лукас коментира дека одложувањето на објавувањето на истрагата на британското Министерство за внатрешни работи, за кое се смета дека се фокусира на Саудиска Арабија, “остава прашалници за тоа дали нивната одлука е под влијание на нашите дипломатски односи”.
Уште од почетокот на нејзиниот мандат како премиер Тереза Меј се стреми кон продлабочување на односите на Велика Британија со земјите од Персискиот залив, при тоа со посетатата на Саудиска Арабија, едно од првите патувања по активирањето на официјалниот процес на Брекзит во март месец, беше многу симболичен гест.
Локацијата на извештајот за странско финансирање на екстремизмот и радикализацијата во Велика Британија стана контроверзно прашање во последните денови на предизборната кампања пред изборите на 8 јуни по терористичките напади во Манчестер и Лондон бриџ. Извештајот беше порачан од претходниот британски премиер Дејвид Камерон и одобрен од Тереза Меј, како дел од договорот со Либералдемократската партија за обезбедување на поддршката на партијата пред одлучувачкото гласање во парламентот за воздушни напади во Сирија во текот на декември 2015 година
Во писмените одговори до Лукас оваа недела како од Министерството за внатрешни работи, така и од “Даунинг стрит” 10 (седиштето на британската влада во Лондон) се истакнале дека премиерот бил лично одговорен за одлуката дали да го објави извештајот.
Високиот функционер од Министерството за внатрешни работи Сара Њутн вели: “Прегледот за финансирање на исламскиот екстремизам во Велика Британија му беше доделен на поранешниот премиер и беше доставен на министерот за внатрешни работи и на премиерот во 2016 година.
Прегледот го подобри разбирањето на Владата за карактерот, обемот и изворите на финансирање на исламскиот екстремизам во Обединетото Кралство. Публикацијата на прегледот е решение на премиерот. “Според зборовите на Каролин Лукас, од клучно значење е да се утврди дали одложувањето на објавувањето на извештајот беше поврзано со тоа дали тој бил критичен кон Саудиска Арабија.” За да биде поразен тероризмот, витално е политичарите да имаат целосен увид во фактите, дури и ако тие се непријатни за владата “, истакна Лукас.