Околу 50 мигранти се исчезнати и најверојатно се удавиле во морето, изјавија од шпанската крајбрежна стража, за AFP .
Шпанските власти спасија тројца мигранти во гумен чамец од кои дознале за можното исчезнување на другите.
“Претпоставуваме дека се удавиле”, изјави портпаролот на Крајбрежната стража, додавајќи дека спасувачките екипи го пребаруваат морето околу шпанскиот остров Алборан. Од јануари до денес околу 60 мигранти загинале, обидувајќи се да го преминат морето до Шпанија.
“Потонатиот” брод беше забележан на 50 километри југозападно од островот Алборан кој се наоѓа во западниот дел на Средоземното море. Преживеани се тројца мажи на возраст од 17 до 25 од суб-сахарска Африка. “Тие објаснија дека барем уште 50 лица биле на гумениот чамец кој неколку дена пловел по морето, по заминувањето од мароканскиот брег”, велат шпанските власти во соопштението.