Познатиот италијански комичар Паоло Вилаџо почина во понеделникот во болница “Џем” во Рим на 84-годишна возраст.
Според извештаите на италијанската агенција АНСА Вилаџо бил примен во болница пред два дена.
Актерот стана познат по тоа што го одигра ликот на беспомошниот и несреќен сметководител Хуго Фантоци – општиот лик на обичниот италијански државјанин. Овој негов лик стана синоним и стана културен феномен во Италија.
Освен запаметените улоги на малиот екран, Вилаџо играше и во театарот.
Тој работел и со некои од најпознатите имиња на италијанското кино како Федерико Фелини и Марио Моничели. Тој е добитник и на наградата “Златен лав” за животно дело од филмскиот фестивал во Венеција.
