Зафиров: Колегите од Кривичен се свесни дека подлежат на кривична одговорност за местењето на распоредот на судии

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Недозволиво е по неколку пати да се интервенира во годишниот рапоред на судење кај судиите, бидејќи судскиот деловник предвидува распоред да се прави еднаш годишно

Валентин Зафиров како поранешен судија препознава местење судии и во рапоредите, кои во Кривичен често се менуваа.

Според него, недозволиво е по неколку пати да се интервенира во годишниот рапоред на судење кај судиите, бидејќи судскиот деловник предвидува распоред да се прави еднаш годишно или вонредно, ако одредено одделение во судот се преоптовари со работа.

СЈО СО ЖАЛБИ ДО АПЕЛАЦИОНИОТ СУД

 -Дури и судиите кои сметаат дека се нивни, а не се сто посто сигурни дека така ќе постапат, ги тргнаа од работењето. Тоа е очигледно местење. И тоа многу добро се свесни колегите од Кривичен суд, дека подлежат на кривична одговорност. И мене ме загрижува што и понатаму вака работат. Значи, ептен се загазени во криминал, па се плашат од одговорност, изјави Зафиров за Фокус.