ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ја објави содржината на договорот со Бугарија, што премиерот Заев во Софија го најави со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

-Македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев, бидејќи експертите од Бугарија протолкуваа дека со договорот се става крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДСМ, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува и МАНУ да излезе со став. Молкот на МАНУ за вакви суштински прашања, отвора простор за нови напади и нови омаловажувања, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Исто така од оваа партија бараат Министерството за надворешни работи да реагира бидејќи станува збор за угледот државата и на врвната научна институција.