Се подготвува војска за војна во свемирот

од desk3
122 прегледи
Америка ќе стане прва држава на планетата која ќе има род во војската која ќе биде наменета за борба во свемирот.
 Планот за создавање на свемирски вооружени сили постои уште од 2001 година и се темели на претпоставка дека посебниот род ќе биде подобро подготвен и опремен за одбрана на цивили и материјалната сопственост од свемирските опасности, ако тие воопшто некогаш се појават. 

“Ова ќе биде првиот нов воен род од кога воздухопловството се одвоило од копнената војска од 1947 година”, пишува  Interesting indženejring. Некои претставници во конгресот сметаат дека станува збор за забрзана обука и дека немало доволно време добро да го проучат предлогот. Претставникот на републиканците од Охајо, Мајкл Тарнер тврди дека се одржал само еден состанок пред предлогот, однсно  воопшто пред  нешто да дознаат за новиот род.
“Зошто министерот за одбрана Матис не дојде пред нас и не ни кажа што значи тоа. Ништо не слушнавме од секретарот на воздушните сили. Тука има многу работа која мора да ја завршиме пред да го создадеме новиот род на вооружени сили”, рече тој.
Но заговорниците на новиот свемирски корпус тврдат дека во предлогот нема ништо ново и дека станува збор за идеја која ја дала Рамсфелдовата комисија уште во 2001 година.  Новоформираниот Свемирски корпус требало да ги преземе сите свемирски мисии од американското воздухопловство. Оние кои ја заговараат оваа одлука зборуваат дека е битно тие две тела да бидат раздвоени за да може “вредните средства” правилно да се дистрибуираат.