Американската актерка и добитничка на наградата “Златен глобус” Анет Бенинг го предводи жирито на филмски фестивал во Венеција.
Тоа го соопштија од раководството на биеналето, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември.
“Долги години жирито се предводеше од мажи и оваа година на функцијата е назначена жена со голем талент и инспирација”, изјави креативниот шеф на фестивалот Алберто Барбера.
Бенинг учествувала во популарни филмови како “Децата се добро” од 2010 година, “Американски прелет” од 1999 година, “Да се биде Џулија” од 2004 година и многу други. За своите улоги таа беше номинирана четири пати за награда “Оскар”.
Бенинг се појавува и на театарската сцена, каде има улоги во претстави на Шекспир и Чехов. Во меѓународното жири кое ги дава наградите на филмскиот фестивал во Венеција, влегуваат уште деветмина претставници на филмската индустрија.
Оваа година, освен претседателот на жирито, промени ќе има и во традицијата актерка да говоди отворањето и затворањето на фестивалот. Оваа година тоа ќе биде актер – младиот италијански уметник Алесандро Борг.