
Пред малку вечерва имало престрелка во Барселона во близина на сала за одржување на жални церемонии
Според прелиминарните податоци непознато лице отворило оган врз двајца полицајци. Тој пукал од прозорец на паркиран автомобил и избегал со зелена “Алфа Ромео”.

Двајцата униформирани службеници се повредени, пишува Life.ru. Според полицијата истрелите биле испукани од автомат АК-47. Во моментов интезивно се трага по напаѓачот.