Младич од оддалечено село на индонезискиот остров Суматра се омажи за 73-годишната сакана, објавија властите во градот.
До бракот дошло, откако двајцата се заканиле дека ќе се самоубијат, ако не им биде дозволено да се венчаат. Љубовта меѓу необичната двојка почнала кога повозрасната Рохан Бинт Киагус Мохамед Џафар требало да се грижи за својот 15-годишен сосед Селамет Ријад додека тој боледувал од маларија.
“Селамет е премногу мал за да се жени, но ние ги венчавме, бидејќи тој се закани со самоубиство”, рече градоначалникот на селото Ани, додавајќи дека локалните власти, исто така сакале да се “избегне гревот на прељубата”.
Поради возраста на детето церемонијата била приватна. Според Ани, таткото на момчето починало пред неколку години и за него не била полагана соодветна грижа од мајка му, која се омажила повторно.
Невестата на 73 години досега била мажена два пати и секој пат за разведен маж, а има најмалку едно дете од браковите. Венчавката се одржала во оддалеченото село Каранг Ендах во провинцијата Јужна Суматра, но предизвикала интерес на национално ниво, кога на социјалните мрежи се појавило видео со заклетвата на младоженците.
“Тој рече дека е лудо вљубен. Ние се сакаме “, рече Рохан по свадбата. Според законите на Индонезија, дозволената возраст за склучување на брак е 19 години за мажи и 16 години за жените.