Ексхумирани останки на Салвадор Дали за утврдување на татковство

од desk3
89 прегледи

Судија во Мадрид одлучи да бидат ексхумирани останки на Салвадор Дали, за да биде утврдено татковство, објавија шпанските медиуми. Случајот беше покренат од жителка на каталонскиот град Херон. Станува збор за  “јасновидката” Пилар Авел Мартинез, која тврди дека Дали е нејзин татко. “Потребни се биолошки анализи за утврдување на татковството на Салвадор Дали во однос на Марија Пилар Авел Мартинез, бидејќи не постои биолошки материјал, ниту лични предмети, врз основа на кои е можно да се изврши проценка во Националниот институт за токсикологија”, се истакнува во пресудата. Шпанскиот уметник, режисер и писател Салвадор Дали умира на 23 јануари 1989 година на 85-годишна возраст. Неговата желба била да биде погребан на таков начин што низ неговиот гроб да можат да шетаат луѓе.   Поради таа причина  телото на Дали е зазидано во подот на една од собите на театарот-музеј во градот Фигерас