(фото) Мислите дека таткото е убав? Видете го тогаш синот! Момченцето на Трудо стана сензација во Хамбург

од desk3
126 прегледи

 

Тригодишниот син на канадскиот премиер Џастин Трудо, Адријан го привлече вниманието на новинарите и неочекувано стана медиумска ѕвезда на самитот на Г-20 во Хамбург. Момченцето се појави со својата мајка Софи Грегоар за време на прошетката со брод во пристаништето на северниот германски град, организирана за “поубавите половини” на лидерите на земјите од Големата дваесетка, додека тие дискутираат за светските проблеми.

Малиот Адријан се нацуцулил кога групата, предводена од сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел, Јоаким Зауер, тргнала да слегува од пловилото при прошетката по реката Елба.

Во менито на ресторанот во кој ручаа, имало рибини стапчиња, кои децата на негова возраст обично многу сакаат.

Адријан ги плени локалните граѓани  уште при пристигнувањето на хамбуршкиот аеродром вчера, додека го носеа насмеан надолу по скалилата на авионот и кога го разгледуваше букет од бели рози и црвени гербери кои и беа дадени на неговата мајка.

Неговата појавата на политички настан на такво ниво ги натера некои аналитичари да се прашуваат дали не се создава канадска династија – таткото на Џастин Трудо, Пјер Трудо, два пати беше премиер на земјата.