Јаболков оцет се покажа многу повеќе корисен од очекуваното

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Секојдневната употреба на јаболков оцет може да ги намали показателите на холестеролот и со тоа да го намали ризикот од инфаркт и мозочен удар, информираат научници од Универзитетот во Бирмингем.

Експертите објаснуваат дека 30 милилитри од производот, растворен во 200 милилитри вода, пред јадење го намалува холестеролот за 13%. Јаболков оцет може да се вклучи во секојдневната употреба како дополнително средство и превенција за заштита од инфаркт и мозочен удар.

Британските научници не ги советуваат луѓето кои веќе го контролираат високото ниво на холестерол со лекови, да се откажат од нив во корист на оцетот. Познато е дека лековите го намалуваат нивото на холестерол со над 30%.

Научниците истакнуваат дека оцетната киселина има позитивна заштитна функција и може да се користи како помошно средство. Секоја година се зголемува бројот на луѓето кои страдаат од покачен холестерол.

Тоа се поврзува со неправилната исхрана и привлечност кон мрсна и брза храна. Од холестеролот нашите артерии и крвни садови се затвораат, што го отежнува работата на срцето и често доведува до фатален крај.