Фејсбук гради куќи за работниците

од desk2
159 прегледи

Компанијата Фејсбук гради 1.500 нови куќи во Калифорнија, за да го реши проблемот со домување на своите работници.


Сакаат да изградат населба со супермаректи, базени и центри за посета во близина на канцелариите во менло Парк. Плановите ги објавија на социјалните мрежи а луѓето се одушевени од бројните паркови.

Фирмите како Фејсбук и Гугл го трансформираа западниот брег на САД откако почна технолошката ера пред десетина години.

Цените на куќите пораснаа и ги натераа работниците да се иселат што створи притисок на транспортната инфраструктура и го ограничи станбеното снабдување.

Локалните ќители велат дека промените го направиле местото недостапно и дека работниците долго се возат на работа и назад.

„Проблемот на Силициумската долина е што нема доволно понуди за да може да држи чекор со побарувачката“, вели Сем Катер кој се занимава со недвижности.

Претседателот на фејсбук Џон Тенанес вели дека цените на новите домови ќе бидат за околу 15 отсто пониски од пазарната вредност. За да им го реши проблемот на работниците Фејсбук претходно нудеше превоз во автобуси опремени со интернет и поттик од 10.000 долари за оние кои ќе одлучат да се преселат поблиску до канцеларијата.