(ВИДЕО+ФОТО) Огнен пекол во трговски центар ги наполни болниците во Москва

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Во трговски центар “Рио” во северо-источниот дел на Москва изби пожар. Повредени се 12 лица, вклучувајќи едно дете, пренесуваат локалните медиуми.

“До сега имаме 14 повредени, двајца од нив се однесени со медицински хеликоптер до институт Склифовски. Еден од повредените е седум годишно дете”, објави портпаролот на полицијата, цитиран од руските медиуми.

Причината за пожарот е краток спој на првиот кат од трговскиот центар. Сигналот за инцидентот пристигнал во 17:39 по локално време. Евакуирани се посетителите и персоналот. Неколку лица се се уште во трговскиот центар.

Во гаснењето учествуваат 81 лица и 25 возила.