
Досега повеќето мигранти не сакаа да останат во Словенија, туку продолжаа на запад, но граничните контроли во регионот се интензивираа и се повеќе сакаат и бараат азил во оваа балканска држава.
“Словенија станува земја-дестинација за барателите на азил и властите треба да го подобрат квалитетот на услугите, достапни за нив, вклучувајќи и скратување на времетраењето на постапките за азил”, изјави Муижниекс.
Тој ги повика словенечките власти да обезбедат јазични курсеви и полесен пристап до пазарот на трудот за мигранти, за да може полесно да се интегрираат.