Со пари од ИПА 2 ќе се гради депонија во кумановско

од desk2
92 прегледи

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку заедно со градоначалниците на Североисточниот плански регион денеска потпишаа меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Комисија на европските заедници за постапките за спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Македонија, а во рамки на проектот ИПА 2.

Проектите опфаќаат наабвака на опрема транспорт на отпад во североисточниот регион, затворање на непрописните диви депонии, ѓубришта во регионот, изградба на централна депонија во источниот и североисточниот регион.

„Активностите ќе придонесат за подобрување на стандардите со управување со отпадот во североисточниот регион, решавање на проблемите со несоодветното одлагање на отапдот на општинските и основните диви депонии кои треба итно да се затворат или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон“ – изјави Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање.

Проектот ќе се реализира во три фази, а потпишувањето на меморандумот е пристапување кон самиот договор.

„Ние сме пред потпишување на договор меѓутоа заклучивме заедно со министерот дека третата фаза од имплементација на самиот договор и дел од втората фаза е дел кој треба да добиеме согласност од нашите Совети за потпишување за тој договор како договор за понатамошна меѓуопштинска соработка бидејќи тој договор и изградба на тие системи во наредниот период носат некои процеси кои ќе значат и финансиска потреба за зголемување на цената на сметот во наредните неколку години, за изградба на претоварни станици на некои локации кои исто така треба да ги лоцираме и да ги одобриме и затоа направивме меморандум до потпишување на договор со цел да добиеме согласност од советите на општините и во дебата со невладините организации и месните заедници да ја образложиме потребата од потпишување на овој договор и изградба на регионалниот систем за управување со цврст отпад кој мора да биде постигнат и изграден“ – изјави Зоран Дамјановски, граодначалник на Општина Куманово.

„Сега сме во фаза на инфраструктурни проекти , овој меморандум ќе се однесува на продолжување на постапката за пет наредни проекти кои што ќе опфатат, набавка на возила и контејнери за овие два региона, затварање на нестандардните депонии во овие два региони, тука спаѓаат проекти кои се однесуваат на надзор на реализираењто на овие проекти и последниот проект е формирањето на регионалната депонија на овие два региона“ – изјави Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за управување со отпад во министерство за животна средина и просторно планирање.
Со проектот ќе бидат донирани контејнери и возила со кои ќе може да се собира отпадот на начин кој ги задоволува стандардите за заштита на животната средина и пред се здравјето на луѓето. Проектот ќе чини триесетина милиони евра.