Тилерсон: САД сакаат избегнување на ескалација на конфликтот околу Катар

од desk2
91 прегледи

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска во Доха се сретна со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, како дел од напорите на Вашингтон за надминување на кризата во односите меѓу Катар и неговите соседни арапски држави, јави ДПА.

Тилерсон во Доха допатува од Кувајт, кој беше прва етапа од неговата турнеја низ земјите од Персискиот Залив. По пристигнувањето во Доха, Тилерсон изјави дека цел на неговата посета е надминување на дипломатската криза во реонот на Персискиот Залив.

– Ние сме тука за да придонесеме за избегнување на ескалација на конфликтот., изјави Тилерсон додавајќи дека позицијата на Катар уште од почетокот на кризата со неговите арапски соседи е „јасна и логична“.

Се очекува доцна попладнево Тилерсон да разговара и со катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, по што утре ќе отпатува за Саудиска Арабија. Тилерсон е трет висок западен дипломат кој допатува во регионот на Персискиот Залив во обид да посредува за надминување на дипломатската криза, откако пред него тоа го сторија и министрите за надворешни работи на Велика Британија и Германија, Борис Џонсон и Зигман Габриел.