Полицијата во индиската држава Гоа ослободи жена која 20 години била држена од семејството заклучена во соба поради “несоодветно однесување”.
Како што јави телевизијата Ен-ди-ти-ви, тоа се случило во селото, кое се наоѓало до една од најпознатите плажи во државата, посетувана секоја година од илјадници туристи од целиот свет.
Пред 20 години жената се омажила за маж од градот Мумбај, но штом се пресели кај него, дознала дека тој веќе бил во брак. Таа се вратила кај семстввото во Гоа, но тоа ја прифатило студено. Освен тоа жената доживеала нервен слом поради пропаднатиот брак и се држела несоодветно. Родителите одбиле да се обратат за помош на лекар и ја заклучиле во соба, каде не ја пуштале цели 20 години. Просторијата била темна и валкана. Единствениот контакт на “затвореничката” со надворешниот свет бил малиот прозорец, преку кој и се давале вода и храна.Полицијата ја добила информацијата од локална организација за човекови права. Кога полицајците влегле во собата, жената била гола и се плашела да излезе надвор.