
Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани слетаа во француската престолнина. Двајцата се во Париз, за да присуствуваaт на парадата по повод националниот празник на земјата – Денот на Бастилја.
За време а посетата Трамп и ќе одржи преговори со францускиот колега Емануел Макрон. Авионот на Трамп е слетал на парискиот аеродром “Орли”. Претседателот и Мелани беа пренесени кон резиденцијата на американскиот амбасадор во централниот дел на француската престолнина.
Just landed in Paris, France with @FLOTUS Melania. pic.twitter.com/knULGOQF1K
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 13, 2017
Париз е блокиран поради посетата, воведени се драконски мерки на безбедност.

По пристигнувањето во француската престолнина првата дама на САД ја посети париската педијатриска болница “Некер”.
Тоа беше и првата манифестација од програмата, која ќе следува во рамките на посетата на Доналд Трамп во Франција. Мелани беше поздравена од претставниците на здравствените власти во Париз. Потоа таа се сретна и со некои од младите пациенти.


На сите таа им направи извонреден впечаток. Таа беше во исклучително елегантна облека во црвена боја.
Посетата на претседателот и првата дама започна со проблеми за новинарите, кои го придружуваа американскиот лидер Доналд Трамп во Франција, откако дел од колоната автомобили на шефот на државата ја згреши насоката.

Некои улици беа затворени додека моторизираната придружба на Трамп се придвижи кон резиденцијата на амбасадата на САД, но автомобилите во опашката свртија во погрешна насока.
Новинарите се беа загубиле.Тие не успеаја да документираат пристигнувањето на Трамп во резиденцијата. На крајот новинарите беа донесени во резиденцијата.
Melania and I were thrilled to join the dedicated men and women of the @USEmbassyFrance, members of the U.S. Military and their families. pic.twitter.com/ZSdsJ0Bsbl
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 13, 2017