Во метрото во Лондон – без “Дами и господа!”

од desk3
70 прегледи

Обраќањето “Дами и господа” ќе биде отстрането од претходно снимените гласовни пораки и инструкции во метрото во Лондон. Ова го соопшти BBC, повикувајќи се на општинската служба, која управува со јавниот транспорт во британската престолнина. 

На вработените во метрото исто така им било наложено да користат “Здраво на сите” наместо “Дами и господа”, идејата е обраќањето да биде неутрално во однос на половите. Целта е сите патници да се чувствуваат “добредојдени”, додаваат од општинската служба. пренесе BBC.

Организација за заштита на правата на лицата со различна сексуална ориентација и транссексуалци луѓе “Стоунуол” ја поздрави одлуката. Таа беше поддржана и од градоначалникот на Лондон Садик Кан уште минатиот месец.